27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНово европско популарно место во кое пивото чини 50 денари

Ново европско популарно место во кое пивото чини 50 денари

Многу британци доаѓаат на одмор поминувајки го во конзумирање на големи количини евтин алкохол и луда забава. Покрај Зрче во Хрватска и Магалуф на Мајорка, и Сончев Брег во Бугарија станува се повеќе популарно место за деноноќните забави и пиење алкохол.

Иако со години оваа земја на југот од Балканскиот полуостров не е на врвот на европските дестинации, ”крвната слика” за туризмот полека се менува благодарение на декадентната летна дестинација во која првенствено ја засакаа младите британци.

Сончев Брег се наоѓа на Црното Море, а неговата популарност се должи на ниските цени.

Кафе или пиво во кафуле некаде чини и 50 денари, па дури и цената на виното не е претерана. Во некои кафулиња може да се испијат 10 текили за помалку од 350 денари, а за добар ручек ќе издвоите помалку од 45о денари.

Оние што сакаат да поминат мирен одмор би требало да го избегнат Сончев Брег, бидејќи нивниот одмор може да се претвори во хаос. Млади кои пијат до исцрпеност, танцуваат во клубови и одат боси по скршено стакло е вообичаена глетка, исто како и рациите во популарните ноќни барови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП