29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈапонија ќе ја има најголемата пловечка електроцентрала

Јапонија ќе ја има најголемата пловечка електроцентрала

centrala

Во Јапонија ги претставија деловите за најголемата во светот подвижна електроцентрала на ветер.

Во фабриката во градот Итихара на брегот на Токискиот залив пред новинарите беше промовирана кулата со перки. Таа е висока 120 метри, а моќноста и е 2000 киловати.

Таа ќе стане првата во светот подвижна трансформациона централа и во октомври ќе започне да произведува електрична енергија за настраданите области од цунамито во близина на Фукушима.

Пловечката електроцентрала се наоѓа во океанот на 20 километри од брегот. Таа ќе биде вклучена во системот за дистрибуција на енергетската корпорација „Tohoku Electric Power“.

До пролетта 2014-та година кон пловечката електроцентрала ќе бидат додадени уште два објекти со моќност од по 7000 киловати и со тоа таа ќе стане најголемата пловечка електроцентрала во светот.

Правецот на ветровите и силата се одликуваат со поголема отпорност во океанот, отколку на копно, што ги прават пловечките електроцентрали да бидат поекономски исплатливи.

Овој проект се спроведува од Министерството за економија, трговија и индустрија на Јапонија со учество на голем број водечки инженеринг и бродоградбени корпорации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП