26 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршен хотел за љубителите на вино(фото)

Совршен хотел за љубителите на вино(фото)

Долгоочекуваниот Four Seasons Resort & Residences Napa Valley, конечно ги отвара своите врати…

Ова воедно ќе биде осмиот хотел на Four Seasons во Калифорнија, како многу луксузно место за одмор, и ќе поседува свое сопствено лозје, ресторан со домашна винска карта, велнес и спа објект, како и совршено шармантна соби за гостите.

Новиот Four Seasons resort се наоѓа во Клистога заедницата, на час ипол возење од Сан Франциско и Сакраменто. Дизајниран од страна на Ерин Мартин, ресортот содржи осумдесет и пет соби и апартмани за гости, спа со голем број услуги, неколку отворени базени, широка тераса со поглед на прекрасната околина и изобилството на лози каде што гостите можат да се опуштат и да уживаат во сонцето.

Исклучителниот консесирж тим на ова одморалиштето секогаш може да понуди единствени тури, од искуство посветени на љубителите на вино, посета на галерии и продавници за шопинг, па се до сценско возење низ долината и надвор од туристичките патеки, за оние кои уживаат во авантури.

Исто така, ова одморалиште организира бројни настани, свадби и состаноци, нудејќи го својот ентериер и екстериер, вклучувајќи ја и балската сала. Тие имаат дури и амбар наменет за настани, како и градина во лозјето, со бројни опции за јадење.

Ресортот исто така планира да ја лансира својата ограничена винска колекција, во соработка со Thomas Rivers Brown.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар