28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla Model S: Куќа на тркала

Tesla Model S: Куќа на тркала

Љубителите на Тесла автомобили веќе некое време бараат “куќа на тркала”, и тоа конечно доаѓа, но не директно од компанијата.

Веќе неколку години се обидуваат nа камперите, оние кои живеат на пат, да обезбедат електрично решение, па Model S од компанијата Tesla ќе стане основа на едно од нив. Повеќето претходни решенија немаа задоволителна моќ, па на пример, Iridium E Mobile motorhome може да помине 200 километри со едно полнење, а Dethleffs само 160. Претприемачот Тревис Рабенберг одлучи тоа да го промени и за својот модел да искористи возило кое веќе има задоволителна погонска врска. За основа го земал Model S од компанијата Tesla, и прототипот наскоро треба да се појави под името Tesla Roamer.

Новиот моторен дом ќе може да се движи со брзина до 240 километри на час што е Гинисов рекорд кога е во прашање брзината на ваквите возила, а со едно полнење ќе може да надмине околу 320 километри, . Травис планира да го вози прототипот од Велика Британија до Дубаи, каде што ќе се најде во првите редови на купот на World Expo 2020.

Другите детали за прототипот сеуште се непознати, а на фотографиите може да се види дека задната страна на возилото е трансформирано во дел за живеење, кој се отвора како шатор и на кровот има соларни панели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП