26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАрхеологија во космосот: Curiosity направи дупка на Марс

Археологија во космосот: Curiosity направи дупка на Марс

Роверот Curiosity ја започна следната етапа од животот на Црвената планета, откако изгреба под површината на Црвената планета.

Како дестинација за овој дел од мисијата избран е кратерот Gale, бидејќи примероците посочуваат дека теренот главно е составен од материјали кои одговараат на земјината глина, што копањето го прави полесно и побезбедно.

Така, Curiosity изгреба под површината седум години откако се спушти на планетата, а тимот на НАСА тој момент го опиша како дел од мисијата на која долго време се чекало. Следната фаза подразбира истражување на материјалот од што е создаден тој кратер, со цел да се соберат повеќе информации за составот на теренот. НАСА уште во 2011 година објави дека Curiosity ќе се фокусира на Gale кратерот, а во таа прилика главно се зборуваше дали има вода на Марс, што значи дека би имало можност да поддржи живот. Сега би можеле да пристигнат нови одговори на тие прашања, после истражувањето на дупката, бидејќи глината е одличен материјал кога станува збор за конзервирање на материјали.

Новото поглавје може да даде сосема нов поглед на Марс, а неговото значење е зајакнето со фактот што Curiosity успеа да ги надмине многуте потешкотии и успешно да стигне до планираната дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП