20 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИGeneral Motors инвестира 691 милион долари во Мексико

General Motors инвестира 691 милион долари во Мексико

gm1

Американскиот автомобилски гигант „GM“ планира да инвестира 691 милион долари во проширувањето на капацитетите во Мексико, кој е атрактивна инвестициска дестинација за автомобилите поради ниските плати и близината на САД.

Мексиканскиот претседател Енрике Пена Нието го изрази своето задоволство за плановите на ГМ, истакнувајќи дека „тоа е добро за бизнис плановите на компанијата, но и за нашата земја, бидејќи покажува доверба и создава нови работни места“.

„GM“ наведува дека 349 милиони долари ќе бидат инвестирани во нова фабрика во градот Силаоу, кој ќе произведува осум-брзински менувач, 211 милиони се наменети за проширување на комплексот во Толука, а 131 милион за проширување на фабриката за новата генерација на менувачи во Сан Луис Потоси.

Мексико по големина е осмиот производител на автомобили во светот, а минатата година тој беше на четвртото место според пласманот на извозниците.

Вкупно минатата година во таа земја беа произведени околу 2,8 милиони возила, вклучувајќи ги и 571.000 возила од „GM“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП