20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕОсаменоста штети на здравјето!

Осаменоста штети на здравјето!

Научниците предупредуваат дека осаменоста многу негативно влијание врз здравјето, во сите периоди од животот, а особено во староста, кога е тешко да се стекнат нови познаници и да се воведат новости во општествениот живот. Најновите истражувања покажуваат дека секоја трета постара личност се чувствува осамена, а секој четврти човек се чувствува целосно изолиран од заедницата.

Анкетата спроведена во САД покажала дека чувството на осаменост е најизразено кај луѓето со здравствени проблеми. Една студија спроведена на 2.000 луѓе на возраст од 50 до 80 години заклучила дека секој четврти од нив се чувствува изолирано од остатокот од светот.

“Чувството на осаменост е многу често кај постарите лица, особено кај лицата со здравствени проблеми. Тешко е понекогаш да се открие дали луѓето се осамени затоа што се болни или осаменоста предизвикала појава на болести “, изјавила д-р Ерик Солвеј од Универзитетот во Мичиген.

Истражувањето кое има за цел да ја утврди врската помеѓу осаменоста и појавата на болести е дел од Националното истражување за здраво стареење. Во склоп на неа секоја трета возрасна личност изјавила дека и недостига социјален контакт, а осум проценти од испитаниците редовно се борат со чувството на осаменост.

Осаменоста влијае повеќе на жените отколку на мажите. Исто така, се покажало дека луѓето кои живеат сами често се осамени, и поради годините и хроничните болести помалку излегуваат.

Дури 26 проценти од испитаниците кои одговориле дека друштвото до негде им недостасува, кажале дека се со нарушено или лошо здравје.

Истражувањата покажале дека луѓето кои се осамени или изолирани се склони кон срцеви заболувања, мозочен удар, имунолошки проблеми, а осаменоста значително го зголемува ризикот од предвремена смрт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП