29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСовршен хотел за незаборавен одмор во Валенсија (фото)

Совршен хотел за незаборавен одмор во Валенсија (фото)


Најновиот шпански Westin Hotel, го пронајде своето место во шармантна зграда од 1917 година, во самото срце на Валенсија…

Со услугa на светско ниво, неверојатен беспрекорен вкус и неспоредливи услуги, овој хотел дефинитивно одговара на високите стандарди на својот бренд, поканувајки не да уживаме во неверојатната атмосфера која ги комбинира авангардата, технологијата и неверојатни детали на најдобар можен начин.

Луксузниот хотел ви нуди избор од 135 гостински соби и апартмани, со арт деко стил, Westin Heavently Bed кревети, минибарови, луксузни приватни тоалети со Westin Heavenly Bath кади и приватни тераси. Апартманите располагаат со дополнителна дневна соба и удобен агол за седење, додека пак опциите со две спални соби доаѓаат со мини кујна, ако сакате сами да припремите некој специјалитет.

Сепак, овој хотел има 24-часовна собна услуга и три убави ресторани, со простории за седење на отворено, каде што можете да го поминете поголемиот дел од вашиот ден. Можете да вечерате во ресторанот Rosmarino Mediterranean, да се релаксирате во El Jardi, Lobby барот или да уживате во коктелите во прекрасниот H-Club Valencia.

 

На крајот на денот, можете да го посетите префинетиот Caroli Wellness Centar, во кој ќе ве пречекаат со терапевтски базен, сала за вежбање, финска сауна, турска бања, амбиентални тушеви, осум соби за третмани и простор за релаксација во градината.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП