28 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЈужна Кореа ја добива најбрзата бежична мрежа

Јужна Кореа ја добива најбрзата бежична мрежа

mreza

Најголемиот мобилен оператор во Јужна Кореа до крајот на неделата ќе ја лансира најбрзата бежична мрежа во светот.

Со „LTE-Advanced“ мрежата може да се симнуваат податоци со брзина која е дупло побрза од 4G мрежата и 10 пати побрза од 3G мрежата.

Со брзина од 150 мегабити во секунда, мрежата е во можност да симне филм од 800 мегабајти за само 43 секунди, додека на моменталната LTE мрежа за тоа и е потребно 80 секунди.

Јужна Кореа забележа голем раст на четвртата генерација LTE мрежата благодарејќи на мобилните корисници кои со задоволство ги прифаќаат новите технологии.

Повеќе од 60 проценти од 33 милиони мобилни корисници во оваа земја се пријавиле за LTE сервисот.

Асоцијацијата на мрежни оператори смета дека LTE мрежата ќе биде достапна во 87 земји ширум светот до крајот на 2013-та година.

„LTE-Advanced“ технологијата сепак и натаму може да се усовршува со оглед дека брзината на „upload“ е ист како и кај LTE мрежата – 37.5 mbps.

За да биде дел од лансирањето на првата „LTE-Advanced“ мрежа, „Samsung“ претстави посебен модел наречен – „Galaxy S4 LTE-A“.

Овој сервис прво ќе биде достапен во Сеул и во неговите предградија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП