25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota претрпе втор хакерски напад во последните пет недели

Toyota претрпе втор хакерски напад во последните пет недели

Познатиот производител на јапонски автомобили објави дека во само пет недели два пати бил цел на хакерски напади, што резултирало со кражба на податоци.

Од Toyota објавија дека хакерите во последниот напад, кој се случил во петокот, успеале да се приклучат на нивниот ИТ систем и од него да копираaт податоци од неколку продажни единици. Меѓу нив се податоци главно од Јапонија, а се однесува на околу 3,1 милиони корисници на возилата Toyota и Lexus. Во тек е анализата која ќе открие како хакерите успеале да се инфилтрираат во нивниот систем.

Според официјални лица од Тојота, финансиските детали од нивните клиенти не биле пронајдени на хакерските сервери, но не објавија каков вид на информации се украдени.

Инаку, ова е втор успешен хакерски напад врз компанија која го има објавено оваа година. Сличен инцидент се случи во февруари, само што тогаш, нивната цел била компанија со седиште во Австралија. Нападот имаше повеќе влијание врз функционирањето на компанијата со оглед што привремено беше онеспособена продажба и испорака на нови возила на Toyota на територијата на Австралија. За таквиот напад беше осомничена виетнамската група за сајбер-шпионажа (APT32), за која се знае дека е фокусирана во автомобилската индустрија. Во овој втор напад, безбедносните експерти веруваат дека нападот во Австралија бил само начин за да дојдат до податоци за тоа како да пристапат до подобро обезбедениот Toyota центар во Јапонија.

Компанијата не коментираше, ниту пак ги потврди или ги негира тврдењата дека станува збор за индустриска шпионажа. Сепак, објави дека ќе започне сеопфатна внатрешна истрага и верификација на ИТ системите насочени кон австралискиот напад, што е доказ за многумина дека теоријата е точна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП