2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФејсбук го забрани расизмот на белците

Фејсбук го забрани расизмот на белците

Компанијата “Фејсбук” забрани величење, поддршка и застапување на расизмот на белите луѓе и сепаратизмот на своите платформи, и ги засили напорите во борбата против говорот на омраза. Новата политика стапува на сила следната недела, објави социјалната мрежа.

Фејсбук, Твитер и Јутјуб се под притисок да ја отстранат содржината за расизмот и неонацизмот од своите платформи.

Како одговор на тоа, Фејсбук ја засили својата мониторинг група за надзор на содржините и ги укинал страниците кои се користеле за промоција и организирање на расистички состаноци за групи на белци, пренесува SEEbiz.

„Во изминатите три месеци во разговори со членови на граѓански организации и експерти за меѓурасни односи ширум светот, се потврди дека национализмот и сепаратизмот на белците не може да се одвои од расизмот и организираните групи кои заговараат омраза“, објавија од компанијата Фејсбук.

„Нема да толерираме ниту величење, ниту поддршка на национализам и сепаратизам на белците“, се додава во соопштението.

Фејсбук, исто така наведе, дека луѓето кои пребаруваат поими поврзани со расизам на белци, ќе започне да ги поврзува со организацијата “Life After Hate”, која им помага на луѓето да ги напуштаат групите кои заговараат омраза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП