6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија се развива преку емигранти

Германија се развива преку емигранти

ger1

Германија привлекува стотици илјади странци од различни земји. Помеѓу нив, во голем број се жителите од Европската унија, од јужна и источна Европа.

Минатата година во Германија се доселиле околу 300.000 повеќе луѓе од оние кои емигрирале од неа.

Голем број на Грци, Шпанци и Бугари веруваат дека преселувањето во Германија е единствената шанса сами да заработуваат за живот. Во нивните земји владее голема невработеност и не постои шанса таа ситуација наскоро да се поправи.

Сегашниот бран на емигранти е составен од луѓе со високи квалификации: инженери, академици, експерти. Германските бизнисмени од тоа профитираат, а покрај нив, профитира и целото општество. Меѓутоа, на Германија не и се потребни само инженери, туку и луѓе кои негуваат болни и стари лица, кои не мора да поседуваат одлично образование.

Пристигнувањето на работната сила од странство има една скриена димензија: тоа што Германија го добива, земјата на потеклото го губи. Тоа на пример важи за државната каса: Во Германија ситуација е релаксирана поради квалифицираните работници од странство, но во државите домаќини, државниот буџет губи пари, поради „одливот на мозоци“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП