26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛондон прогласен за најдобра туристичка дестинација во 2019 година: Еве на кое...

Лондон прогласен за најдобра туристичка дестинација во 2019 година: Еве на кое место се наоѓаат Њујорк, Рим и Дубаи

Секоја година се бира најдобрата туристичка дестинација врз основа на оценката на светските патници на TripAdvisor. Оваа година Лондон беше прогласен за најдобра туристичка дестинација во светот. Париз, Рим и Крит го освои второто, третото и четвртото место на Travellers Choice.

Победниците се утврдени со помош на алгоритам кој анализира милиони рецензии и оцени на хотели, ресторани и атракции собрани во една година од TripAdvisor патници во целиот свет. Еден од најпопуларните градови во светот, Њујорк падна за три места и е рангиран на 13-то место и тоа зад Прага. Париз е на второто место оваа година, Рим на третото место, и Крит на четвртото место. Сепак, Њујорк не успеа да влезе ни во топ 10.

Минатата година Лондон беше на второто место, а од TripAdvisor кажаа за неговиот напредок би можело да се поврзе свадбата на војводата и војвотката од Сасекс.

– Глобална фасцинација со Хари и Меган очигледно има силно влијание, бидејќи ова е прв пат од 2016 година Лондон да биде на врвот на табелата на најпосакувани дестинации во светот изјави Хејли Колман, ПР на TripAdvisor. Бидејќи новороденчето на парот наскоро ќе дојде на свет, Лондон може да ја продолжи оваа традиција и следната година.

Популарното туристичко место Бали го освои петтото место, а тајландското одморалиште Пукет е на шесто место. Останатите 10 најдобри градови се Барселона која се рангира на седмото место, Истанбул на осмо, Маракеш на 9-то и Дубаи на 10-то место.

– Драго ни е што гледаме дека Лондон е на врвот на TripAdvisor наградите за светско туристичко место. Креативната енергија и културниот живот на овој град може да се почувствуваат во секој аспект на животот во Лондон: храна, мода, уметност, изложби и ноќен живот, изјави извршниот директор на Visit London Лаура Ситрон.

Кога станува збор за Соединетите Американски Држави, на прво место се наоѓа Хаваи, по што следат Мауи, Њујорк, Лас Вегас и Орландо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП