25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕТопењето на мразот откри колку планинари останале на Монт Еверест

Топењето на мразот откри колку планинари останале на Монт Еверест

Речиси 300 планинари настрадале во обид да се искачат на овој врв, а се верува дека две третини од телата се сеуште покриени со снег.

Како резултат на глобалното затоплување, глечерите на Монт Еверест се топат и ги откриваат телата на настраданите планинари кои биле затрупани во снегот и мразот. На почетокот на пролетната планинарска сезона, телата се преместуваат од кинеската страна на планината кон север, објави BBC.

“Ги спуштивме телата на некои планинари кои настрадаа во последниве години, но сега се појавуваат и постари кои останале затрупани во снегот”, изјави поранешниот претседател на Непалската планинарска асоцијација Анг Черинг Шерпа.

Експертите велат дека трошоците за спуштањето на телата на починатите планинари се помеѓу 40.000 и 80.000 долари.

Повеќе од 4.800 планинари досега успешно се искачија на Мон Еверест.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП