20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАГенијалци кои после отказот станале многу успешни

Генијалци кои после отказот станале многу успешни

Дали знаете што имаат заеничко Дизни, Стив Џобс, Ани Винтур и Роберт Редфорд? Сите се успешни и богати, кои отказот од работа на ги уништи и демотивира. Напротив, како да ги опамети и како да им го постави патот кон успехот

Тие можеби и вас ве инспирираат да не очајувате, туку отказот да го свртите во своја корист и да размислите во кој правец сакате да одите во животот.

Томас Едисон

Едисон работел во ноќната смена во агенцијата Associated Press и вечерта ја поминувал во експериментирање. Една ноќ, тој случајно ја пролеал киселината која преминала да долниот кат, точно на бирото на својот шеф, пишува “Бизнис инсајдер”.

Поради тоа следното утро бил отпуштен. Томас, сепак одлучил да го продолжи своето истражување и го добил својот прв патент две години подоцна – електричен уред за бележење на гласовите на изборите.

Стив Џобс

Кога Џобс бил во триесеттите години, фирмата која што ја основал – „Apple“ го отпуштила!

„Бев отпуштен и тоа многу јавно. Сè што е во фокусот на мојот живот исчезна, и тоа ме уништи.“ Во средината на осумдесеттите години, Џобс лутал и се обидувал да разбере со што сака да се занимава. Тој ја основал компанијата NeXT, која подоцна се приклучила на Apple и го лансираше студиото за анимации Pixar. Кога се вратил во Apple десет години подоцна, ги донел иновациите – iPod, iPhone и iPad.

Волт Дизни

Дизни беше отпуштен од својата прва работа во 1919 година, каде што работел како аниматор за весникот „Kansas City Star“, а причината за отпуштањето била „недостаток на имагинација и недостаток на добри идеи“.

Потоа бил вработен во друга компанија која наскоро банкротирала. Со својот брат тој се преселил во Калифорнија, каде што го основале студиото „Disney Brother’s Studio“, а сè останато е дел од историјата и нашето детство.

Joanne K. Rowling

Пред да стане позната писателка, Rowling работела како секретар за „лондонската канцеларија на Амнести интернешенел“. На работа, тајно ги напишала своите приказни за популарниот волшебник Хари Потер. Кога работодавецот дознал за тоа, за многу кратко време ја отпуштил. Отпремнината и социјалната помош ѝ помогнале да преживее, додека конечно не се фокусирала на пишувањето.

Ана Винтур

Оваа славна уредничка на Vogue, својата кариера ја започнала како млад моден уредник во „Harper’s Bazaar“. Меѓутоа, таа е отпуштена после 9 месеци, бидејќи уредникот не баш “најдобро” ги разбирал нејзините иновативни модни трендови. Сепак, отказот бил позитивно искуство за неа, бидејќи одлучила да не се откаже од нејзиниот стил. „Ви препорачувам сите барем еднаш да бидете отпуштени“, рече Винтур, која во 1988 година стана главен уредник на “Vogue”.

Роберт Редфорд

Пред да стане гламурозен актер, Редфорд работел како работник на различни работни места. Откако газдата во рафинеријата го фатил како спие на работа, наместо отказ, добил работа да мие шишиња. По кршењето на стотици шишиња, Редфорд конечно бил отпуштен. Подоцна се преселил во Њујорк и започнал да гради актерска кариера.

Опра Винфри

Верувале или не, телевизијата во Балтимор ја отпуштила Опра, бидејќи „емоционално“ се врзувала во приказните на своите репортажи. Главниот продуцент на оваа телевизија и рекол дека не се вклопува во телевизискиот формат на вечерните вести.

Меѓутоа, ѝ беше понудена работа на дневото ТВ-шоу ” People Are Talking”, а шоуто за кратко време стана хит. Таа работела за ова шоу осум години додека не го направи “The Oprah Winfrey Show”.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП