26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕМистериозна црква, вонземјани и биоенергија...Петте најчудни легенди за планината Ртањ (фото)

Мистериозна црква, вонземјани и биоенергија…Петте најчудни легенди за планината Ртањ (фото)

Планината Ртањ е едно од најмистериозните места во Европа. Постојат различни легенди поврзани со оваа планина, а ова е листа на работи што треба да ги знаете пред да го посетите ова чудо.

1. Дневна пирамида

Многумина велат дека Ртањ, поради нејзиниот изглед е право уметничко дело на мајката природа, ништо невообичаено или мистериозно. Но, она што е чудно за неа е дека Ртањ има иста падина како Месечевата пирамида во Мексико и Кеопсовата. Поради овие поврзаности, научниците “ги боли глава”, додека луѓето од целиот свет веруваат дека кога ќе дојде судниот ден, оваа планина ќе ги заштити.

2. Вонземјани

Се зборува за легендата дека над Ртањ летаат објекти со вонземјани кои испуштаат гласови на чуден јазик. Некои тврдат дека Ртањ е голема летечка чинија, и дека вонземјаните го покриваат врвот на планината со облаци кога сакаат да прошетаат и да дишат малку свеж воздух..

3. Мистериозна црква

На врвот на Ртањ се наоѓаат урнатините на црквата Св. Ѓорѓи, која во минатото имала 12 православни икони и била изградена во стилот на синагога. Според преданијата, била изградена во 1935 година од страна на неговата сопруга и работниците во чест на тогашниот сопственик на рудникот “Ртањ”. Црквата била уништена кога ловците на злато барале скриено богатство. Она што е мистериозно е дека, според преданијата, црквата била финансирана од Социјалдемократската партија на Германија, а самиот Хитлер бил на Ртањ во 1934 година.

4. Биоенергија и афродизијак

Магнетните мерења покажаа дека постојат промени во енергетските полиња на Ртањ.

Највисокиот врв на Ртањ-Шијак ја апсорбира енергијата, додека местото Светиште во подножјето на планината претежно зрачи. Енергијата на Ртањ доаѓа вертикално, што е карактеристично за биоенергетскиот третман на многу болести.  Хитлер го посетувал Ртањ за да собира енергија. Освен енергијата, постои и силен афродизијак – Ртањски чај.

5. Подземни пештери

Во подножјето на оваа планина има огромни подземни простори, а спелеолозите откриле повеќе од 17 пештери и подземни метроа. На јужната и северозападната страна на планината, околу 450 метри во висина, постои празнина.

Овој подземен простор зазема иста позиција каде во претходните истражувања на пирамидите најчесто се пронајдени резонантни комори. Според истражувачите, голем вертикален тунел оди длабоко во срцето на планината од каде што неверојатно излегува количество на енергија на површината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП