26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајневообичаеното езеро на светот полека заминува во историјата

Најневообичаеното езеро на светот полека заминува во историјата

Некогаш најголемото солено езеро на Блискиот Исток, Урми во Иран, полека, но сигурно исчезнува. За само 20 години, големата солeна површина со 120 острови, недалеку од турската граница, се намали за 10 отсто поради зголемените температури.

Од седумдесеттите години на минатиот век, езерото е намалено за дури 90 проценти. Причината за ова е изградбата на брани и бунари кои го попречуваат протокот на вода од околу шеесет околни реки и притоки. Затоа, соленоста на водата значително се зголеми, што исто така влијаеше и на бројните животински видови кои тука живееа. Дури ни ендемските ракови кои можат да ја поднесат големата количина на сол, повеќе не можат да се справат со промените во Урми.

За да се заштити езерото од исчезнување, УНЕСКО и Светската здравствена организација инвестираат во технологија за наводнување на фармите со цел спречување на нелегалното бушење.

Сезонскиот дожд му помага на езерото да не се исуши, но не е доволно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП