28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА30.000 луѓе би можеле да добијат отказ поради спојувањето на "Дојче Банк"...

30.000 луѓе би можеле да добијат отказ поради спојувањето на “Дојче Банк” и “Комерцбанк”

Спојувањето на “Дојче банк” и нејзиниот ривал “Комерцбанк”, на долг рок ќе резултира со укинување на дури 30.000 работни места.

Ова го изјави претставникот на германскиот синдикат Верди и членот на Надзорниот одбор на “Дојче банка”, Јан Душек.

Најголемиот дел од 30.000 загрозени позиции се наоѓаат во Германија, рече Душек, пренесува агенцијата Ројтерс. Со оглед на краткорочноста, во прашање се околу 10.000 работни места, додаде тој.

“Според нашето мислење, потенцијалното спојување не би резултирало како бизнис модел кој е одржлив на долг рок”, рече Душек.

Жестоко спротивставување е најавено од страна на синдикатите по најавеното спојување на двете најголеми германски банки во неделата. Акциите на “Дојче банк” скокнаа за 3,4 проценти утрово и 4,0 проценти на “Комерцбанк”.

Надзорните одбори на двете банки ќе се состанат во четврток, кога веројатно ќе разговараат за спојувањето, објави британската агенција. Двете банки во моментов вработуваат 140.000 луѓе ширум светот. “Дојче банк” има 91.700 вработени, а “Комерцбанк” 49.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП