8 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕСеверната убавица - Копенхаген (фото)

Северната убавица – Копенхаген (фото)

Копенхаген, главниот град на Данска, во светот е познат уште како историски музеј на Европа, Скандинавскa фантазијa, Венеција од северот, бидејќи владее со портите на Балтичкото Море.

Главниот град на Данска не е само главен и најголем град, најпрометно пристаниште и најживописно место, туку исто така е еден од најпопуларните туристички дестинации на нашата планета. Во градот живеат нешто повеќе од 502.000 луѓе, а на пошироката територија има околу 1.1 милиони луѓе.

Копенхаген е поврзан со шведската комбинација од мост и тунел, која преку заливот оди од источниот брег на Зеланд до Малме. На горната страна на мостот е автопат, а на долниот дел се брзите пруги, така што многу патници и други северни земји го користат Копенхаген, бидејќи неговиот аеродром ,,Kastrup” е најзначаен во Скандинавија.

И јавниот превоз е исклучително добро регулиран. S-возови, автобуси и две метроа линии се достапни за патниците, така што тие можат да се стигнат брзо и без никакво чекање во кој било дел од градот, и за сите е валидна само една картичка. Копенхаген има многу знаменитости и културни објекти, па затоа е многу тешко за гостите да одлучат што прво да посетат. Тие обично се одлучуваат за посета на кралските палати: Amalienborg, Frederiksborg и Rosenborg, а особено Christianborg Palace, каде што денес е Данскиот парламент.

Приврзаниците на безвременските вредности ќе посетат барем неколку музеи, пред се Националниот музеј, Научниот музеј и Музејот на уметности, а можете и Rundetaarn или тркалезната кула, најстарата опсерваторија во Европа. Вниманието на туристите го привлекува и импресивната зграда на Операта, која се наоѓа на морскиот брег, и е изградена пред седум години, и многумина тврдат дека според убавината е на второ место во светот, веднаш по Сиднеј. Се разбира, скоро и да нема турист кој го посетил Копенхаген а да не се фотографираал во близина на споменикот “Малата сирена”, вајарско дело на Карл Јакобсон, инспириран од познатата приказна од Ханс Кристијан Андерсен. Љубителите на природата и холтикултурата поминуваат многу време во еден од многуте прекрасни градски паркови, вклучувајќи ги и Falendparken, Amager, Ørstedsparken и Dihaven.

Туристи со деца не пропуштаат да поминат барем некое време во паркот Femaren и во зоолошката градина, а за сите возрасти интересен е познатиот “Тиволи”, најпознатиот забавен парк во Европа. Забавата во Копенхаген е неизбежна, најголем избор има пешачката улица Stoget и познатото ново пристаниште – Niheven. Никој нема да го остават рамнодушен шарените згради од 17 век, живописните кафулиња, ноќни барови и бордели, возење по каналите и пријатната меѓународна атмосфера. Пауза од метежот и заморот од сите странски јазици треба да ги побарате во некои од локалните ресторани и да нарачате дански отворен сендвич, кој има многу креативни слоеви, и се јаде со нож и вилушка. Се разбира, не треба да ги заборавиме познатите дански пива ,,tuborg” и ,,karlsberg”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП