„Sony“ го претстави својот таблет кој го носи името „Xperia Z Ultra“. Овој уред е во директна конкуренција со претставниците во оваа класа од „Samsung“ и „ASUS“. Моделот на „Sony“ e опремен со 6.4-инчен екран кој работи во резолуција од 1920х1080 пиксели.
Во „Xperia Z Ultra“ може да се види еден од најпопуларните и најмоќни процесори на пазарот во моментов, а тоа е „Qualcomm Snapdragon 800“ со четири јадра „Krait 400“ на 2.2 GHz и можност за работа во мрежите од нова генерација 4G LTE.
Новиот модел на „Sony“ има тежина од 212 грама, што е само 50 грама повеќе од предводникот на компанијата „Xperia Z“, а е со дебелина од 6,5 мм. Покрај тоа моделот има 16GB внатрешна меморија, поддршка на microSD картичка и батерија со капацитет од 3.000 mAh, која овозможува лесна работа за големиот екран и моќниот процесор.
Таблетот на „Sony“ располага со 8 мегапикселна примарна камера со сензор „Exmor RS“ и предна камера од 2-мегапиксели, а како оперативен систем го има „Android 4.2 Jelly Bean“.
Мора да се напомене дека и овој модел на компанијата исто така е отпорен на вода и прав, што уредот го прави попривлечен за купувачите.