20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕРајска пролет во Јапонија(фото)

Рајска пролет во Јапонија(фото)

Азиските градови се чудесни делови од природата, но и архитектурата. Токио е место кое ќе ве остави без здив, Кјото е центар на храмови, додека главната атракција се качувањата на планината Фуџи.

Каде и да одите, без разлика дали тоа е Кралската планина или модерните делови на урбаниот град Токио, ќе бидете воодушевени од прекрасната култура на оваа земја, нејзината  одлична  уреденост, но исто така и многу специфичната традиција. Јапонија е дестинација која е најмногу посетена за време на пролетта. Тогаш, познатите јапонски цреши цветаат, и ја прават целата земја магична.

Ако се подготвувате да ја посетите Јапонија, дефинитивно треба да знаете дека Токио е меѓу првите на листата на најдобри места за живеење. Како главен град на Јапонија, Токио е најголемата метропола на светот, која се состои од 26 градови, шест помали градови и осум села. Сите овие места во текот на долгата и славната историја прераснаа во единствена целина, која има близу 40 милиони жители.Покрај неговата масовност, Токио сè уште е многу регулиран град во кој улиците не се пренатрупани со автомобили и сите граѓани ги почитуваат строго дефинираните правила на однесување.

Сите знаеме дека Јапонија е земја на електрониката. Градот Акихабара е идеална дестинација за оние кои сакаат да се запознаат со историјата на овој сегмент на наука и најновите достигнувања во оваа област. Ова место потсетува на вистински пазар на научна фантастика, каде што можете да ги купите најновите и најмодерните уреди од секаков вид. Друга голема туристичка атракција која потекнува од древната Јапонија е Кралската палата, која многумина ја нарекуваат срцето на Токио. Посетите во палатата не се можни, но уживањето и шетањето на околината и градините е дозволено. Природата била дарежлива кон оваа земја. Планината Фуџи, која е позната низ целиот свет, стана заштитен знак на Јапонија поради својот врв, кој секогаш е покриен со снег.

Привлечноста на оваа магична и мистична земја има најголема посетеност на туристи секоја година. Како поранешен главен град, денес Кјото е најинтересен, најатрактивен и најпосетен град на оваа земја. Ова не е ни чудно кога знаеме дека Кјото е седиште на античката култура на Јапонија.

Дел од Токио е со повеќето продавници, ресторани, ноќни клубови и секако Ginza. Исто така, тука се наоѓа секоја позната марка, па Ginza е рај за оние кои сакаат продавници. Позната е по најскапото земјиште во светот – квадрат земја чини повеќе од 80.000 евра. За време на викендот Ginza е пешачка зона, а многубројните ресторани ги отвораат своите градини, кој се исто така атрактивна туристичка дестинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП