9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСателити за подобар интернет во 180 земји

Сателити за подобар интернет во 180 земји

satellite-rrevolution

Милијарди луѓе кои се борат со бавниот интернет пристап ќе добијат побрза конекција кога десетици нови сателити ќе бидат испратени во вселената.

Првите четири сателити ќе бидат однесени со руската ракета Сојуз која е дел од проектот со кој на луѓето во 180 земји ќе им се нуди поприфатлива и многу побрза конекција.

Лансирањето на ракетите е одложено за 24 часа поради лошите временски услови. Се предвидува корисниците да се приклучат на сателитите на ист начин како и на „GPS“ уредите.

„Интернет пристапот во некои земји сеуште е лимитиран, било да е тоа поради големите земјени површини во Африка или поради големите водни површини во кои се наоѓаат Пацифичките острови. Само кога пазарот ќе добие прифатлив и распростран пристап со остатокот на светот, ќе дојде до голем број можности за друштвен и економски раст“, изјави Грег Вајлер.

Проектот „O3b“ е покренат откако беше откриено дека три милијарди луѓе имаат лимитиран интернет-пристап.

Бројните мали сателити ќе се наоѓаат над екваторот и со тоа ќе го покријат африканскиот регион, Далечниот исток, североисточна Азија, Австралија, Пацифичките острови и Латинска Америка.

Сателитите ќе бидат поставени на 36.000 километри од земјата.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП