26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung спрема уште два телефони на преклопување?

Samsung спрема уште два телефони на преклопување?

По неодамнешното претставување на Galaxy Fold, корејската компанија Samsung моментално работи на два други паметни телефони на преклопување кои треба да бидат различни од претставениот.

За разлика од Fold, чиј дизајн изгледа како мал лаптоп, еден од идните “преклопувачи”, наводно, ќе изгледа слично како некогашнитее “школки” телефони на преклопување кои ќе имаат помал надворешен и поголем внатрешен дисплеј.

Решението кај другиот модел треба да биде сличен на Huawei Mate X, односно уредот ќе има екран кој од страните ќе се “замотува” околу него.

Според Блумберг, првиот уред на пазарот треба да се најде во втората половина од 2019 или почетокот на 2020 година. Модел со екран со “замотување” ќе следи после него.

Сепак, Samsung напорно работи за подобрување на Galaxy Fold, кој треба да биде на пазарот од април по цена од 1.980 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП