Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,443.97 0.16%    GRNT 820.00 -0.76%    KMB 5,651.33 -0.38%    MPT 51,900.00 0.78%    MTUR 5,030.00 0%    REPL 76,000.00 0%    STB 1,179.00 -0.08%    TEL 300.28 -0.46%    TKVS 5,400.11 0.85%    UNI 2,303.56 0.14%    

Кои типови на болка не смееме да ги игнорираме?

Време: 14:26

Датум: март 7, 2019

Категорија: ЗДРАВЈЕ

Хипохондриците мислат дека секоја помала болка е причина за аларм. Иако најчесто грешат, постојат болки кои навистина не треба да ги игнорирате и мора да се упатите на лекар ако ги почувствувате.

Ова се седумте типови на болки кои не смеете да ги игнорирате:

Интензивна главоболка

Остра болка во главата, особено со таков интензитет каков што не сте почувствувале дотогаш не смеете да ја игнорирате. Таквата болка може да биде знак за внатрешно крварење како последица на аневризма, што може да заврши со смрт.

Непријатно чувство во градите, рамената и рацете

Непријатното чувство во градите, може да биде првиот симптом за срцев удар или пак симптом за воспаление на градите. Повеќето луѓе грешат кога мислат дека болката која е предвесник на срцевиот удар е силна, бидејќи таа најчесто започнува со чудно чувство во градите. Пред срцевиот удар најчесто човек почнува да чувствува болка во рамената, рацете и во делот околу срцето, а ако притоа тешко можете да земете воздух веднаш упатете се на лекар.

Болка во долниот дел од грбот

Најчесто причината за оваа болка е артритис, но не смеете да ја исклучите можноста од срцев удар и проблеми со абдоменот. Една од опасностите е пукање на аортата. Доколку подолго време патите од висок крвен притисок, а болката постојано се зголемува, одете на лекар.

Силни болки во стомакот

Најчеста причина за остра болка во стомакот е воспаление на слепото црево кое се наоѓа помеѓу колкот и папочната врвца од десната страна. Доколку местото стане чувствително на допир и почне да ви се грчи ногата одете веднаш на лекар, затоа што постои опасност слепото црево да прсне.

Болка во листовите на нозете

Една од најмалку познатите опасности е длабоката венска тромбоза. Тоа се грутчиња крв кои најчесто се појавуваат во нозете. Тромбозата може да стане опасна по живот, ако се ослободи и се упати кон градите и срцето. Ако забележите оток на листовите на нозете придружени со болка, проверете се на лекар.

Боцкање во стапалата

Хроничното боцкање во стапалата често се јавува кај дијабетичарите, а можно е истото да е предизвикано и од недостаток на витамин Б, болести на бубрезите, слаба циркулација како и болести на крвните садови. Прво што треба да направите е комплетна крвна слика за да го откриете причинителот.

Болка во стомакот придружена со надуеност и проблеми при варењето

Ако ви се менува апетитот, а покрај тоа чувствувате и непријатност во стомакот подолго од две недели, веднаш одете на лекар. Тоа се всушност најчестите симптоми кај ракот кои пациентите не ги забележуваат.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Тотален детокс: Чорба која го чисти организмот, а притоа ќе уживате во конзумацијата

    Тотален детокс: Чорба која го чисти организмот, а притоа ќе уживате во конзумацијата

    Најдобар избор за оваа пролет! Време е за лесни оброци кои го чистат телото од токсини. Никогаш нема да направите грешка ако сварите супа полна…

  • Пробиотски јогурт – неизоставен сојузник во забрзувањето на метаболизмот

    Пробиотски јогурт – неизоставен сојузник во забрзувањето на метаболизмот

    Јогуртот е еден од млечните производи што се консумира од најраното детство. За придобивките од него зборуваат бројни експерти, кои го истакнуваат пробиотскиот јогурт како…

  • Дали сте слушнале за новата јога? Бидете здрави со минимален напор!

    Дали сте слушнале за новата јога? Бидете здрави со минимален напор!

    Сите се стремиме да бидеме среќни и на различни начини се обидуваме да најдеме начин да не ја тргнеме насмевката од лицето. Еден од начините…

  • Вежби и храна за остро око: Мали промени во животните навики ви помагаат да го сочувате видот

    Вежби и храна за остро око: Мали промени во животните навики ви помагаат да го сочувате видот

    За важноста на очите и видот сведочат и некои поговорки и изрази: “Око за око” , “Љубов на прв поглед” ,”Убавината е во окото на…

  • Сварете и уживајте : Не се одрекувајте од кафето, може да ви помогне да ја излечите и најтешката болест

    Сварете и уживајте : Не се одрекувајте од кафето, може да ви помогне да ја излечите и најтешката болест

    Доколку планиравте да се откажете од кафе,и ако сакате да пиете, имаме добра вест за вас. Една шоља кафе е всушност добра за вас, и…

  • Не се откажувајте од благото: Еве како да уживате а никогаш да не се здебелите

    Не се откажувајте од благото: Еве како да уживате а никогаш да не се здебелите

    Одлуката да се отфрли шеќерот е многу тешко, и овој чекор често се одложува, што доведува до здравствени и естетски проблеми. Она што е важно…

  • Месецот на вашиот роденден може да открие кои се идеални вежби за вас

    Месецот на вашиот роденден може да открие кои се идеални вежби за вас

    Сигурно сте забележале дека некои вежби ви одговараат повеќе од другите. Се разбира, во каректерот на секој од нас зависат параметри, а карактерот делумно е…

  • Кои намирници немаат рок на траење?

    Кои намирници немаат рок на траење?

    Рокот на траење на храната може да биде доста збунувачки. Не само што има повеќе датуми за да се разберат (тоа се “рок на траење”…

  • Поради недостаток на овие 6 хормони доведува до предвремено стареење на жената: Надокнадете ги по природен пат

    Поради недостаток на овие 6 хормони доведува до предвремено стареење на жената: Надокнадете ги по природен пат

    Научете како да одржувате оптимално ниво на хормоните и вашата кожа, коса и нокти ќе ви бидат благодарни. Научниците тврдат дека нашето тело синтетизира околу…

  • Знаеме дека јогуртот ефикасно го забрзува метаболизмот – но знаете ли кој е најдобар?

    Знаеме дека јогуртот ефикасно го забрзува метаболизмот – но знаете ли кој е најдобар?

    Прескокнувањето на оброците или посегнувањето по нездрава храна најчесто е последица на брзото темпо на живот проследено со голема количина стрес, поради што доаѓа до…