Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,344.27 -1.23%    GRNT 990.58 1.14%    INTS 1,000.00 -51.1%    KMB 5,897.84 0.86%    KVAS 16,000.00 0%    LOZP 2,400.00 0%    MPT 68,000.00 1.49%    MTUR 4,550.00 2.25%    PPIV 31,000.00 3.33%    REPL 80,000.00 0%    STIL 60.44 3.18%    TEL 318.56 0.81%    TTK 1,220.00 1.67%    

„Huawei“ отвори центар за сајбер-безбедност во Белгија

Време: 10:27

Датум: март 6, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кинескиот технолошки гигант „Хуавеј“ отвори центар за сајбер-безбедност и транспарентност во белгискиот главен град Брисел во обид да ги убеди Европејците дека нивните производи не претставуваат ризик за безбедноста и покрај таквите тврдења од САД.

Во вторникот извршните директори на кинеската компанија го отворија Центарот за европска сајбер-безбедноста на „Хуавеј“ , кој ќе им овозможи на европските корисници на „Хуавеј“ да го прегледаат изворниот код што се користи во производите на фирмата.

Овој потег доаѓа во време кога компанијата се обидува да ги освои Европејците, кои сега се соочуваат со интензивен притисок од САД бидејќи ги поттикнуваат да го спречат кинескиот технолошки гигант да ги развива нивните национални телекомуникациски мрежи.

И довербата и недовербата треба да се базираат на факти, а не на чувства, шпекулации или на неосновани гласишта”, изјави Кен Ху, заменик-претседател на „Хуавеј“.

Неговите зборови беа сфатени како прекор кон Вашингтон, кој досега немаше цврсти докази за да ги потврди своите тврдења оти опремата на „Хуавеј“ може да биде употребена од Пекинг за шпионирање на другите нации.

Кинеската влада нема намера и никогаш не побарала од ниту една компанија, од ниту една кинеска компанија да инсталира ‘задна врата’ или да собира податоци и да ги испраќа во Кина”, рече претседателот на „Хуавеј“ за Западна Европа, Винсент Панг.

И покрај напорите на САД, Европа остана најголем пазар на „Хуавеј“ надвор од Кина, а компанијата се надева дека ќе има главна улога во развојот на 5G-мрежите на континентот.

Центарот во Брисел не е прв таков центар отворен од „Хуавеј“ во Европа. Претходно, кинескиот гигант воспостави сличен центар во Бон, Германија. Компанијата, исто така, финансира и владина британска локација за тестирање, Центарот за процена на сајбер-безбедност на „Хуавеј“ , кој постои од 2010 година. „Хуавеј“ понуди да формира сличен центар и во Полска, по апсењето на Кинез вработен во „Хуавеј“ таму за шпионажа на почетокот од 2019 година.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Колку вреди европската фудбалска елита: Реал пред сите

    Колку вреди европската фудбалска елита: Реал пред сите

    Познатата ревизорска куќа KPMG објави листа на највредните фудбалски клубови во светот. Во студијата наречена „Вредност на фудбалските клубови: Европската елита 2020 година“, на прво место…

  • Список на најмалку стресни работни места

    Список на најмалку стресни работни места

    Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако тие се различни, двете работни места можат да имаат многу тежок ефект врз психата. Сепак,…

  • Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

    Новите 24 случаи со Ковид-19 во Скопје се од општините Бутел, Сарај, Чаир, Аеродром, Студеничани, Гази Баба, Шуто Оризари, Кисела Вода и Карпош

    Од вкупно дијагностицираните нови 38 случаи со Ковид-19, според денеска објавените податоци, 24 се од Скопје. Како што информираа за МИА од Министерството за здравство,…

  • Во Ролан Гарос сакаат гледачи на трибините

    Во Ролан Гарос сакаат гледачи на трибините

    Подобрувањето на состојбата со епидемијата од коронавирус ги исполнува со оптимизам организаторите на Ролан Гарос. Не размислуваат веќе за тоа дали ќе се одржи септемврискиот…

  • Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

    Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

    Во земјава е регистрирана првата смрт на здравстветен работник, како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски роден во струшкото село Подгорци.…

  • Трамп се закани со затворање на социјални мрежи и доби брз одговор од основачот на „Твитер“

    Трамп се закани со затворање на социјални мрежи и доби брз одговор од основачот на „Твитер“

    Американскиот претседател Доналд Трамп вчера се закани дека ќе донесе регулативи поврзани со социјалните мрежи и веќе денес планира да потпише извршна наредба во врска…

  • Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

    Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

    Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија, достави четири конкретни предлози за намалување на…

  • Богатството во време на корона: Олигарсите станаа уште побогати

    Богатството во време на корона: Олигарсите станаа уште побогати

    Бројот на милијардери во Русија за последните два месеци се зголеми од 99 на 101 лице. Нивното вкупно богатство се зголеми од 392 милијарди на…

  • Франција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

    Франција забрани употреба на хидрохлорокин против COVID-19

    Владата на Франција вчера ја поништи уредбата со која им беше дозволено на болниците да користат хидрохлорокин при лечење на пациенти заболени од потешки форми…

  • Екс-претседателот на Барселона: Ако Реал беше лидер, првенството ќе завршеше пред предвиденото

    Екс-претседателот на Барселона: Ако Реал беше лидер, првенството ќе завршеше пред предвиденото

    Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Гаспар, изрази став дека првенството на Шпанија не е завршено пред предвиденото, поради фактот што Реал Мадрид не го зазема…