26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon инвестира во 100 илјади сиромашни средношколци

Amazon инвестира во 100 илјади сиромашни средношколци

Компанијата Amazon после одредени превземања и инвестиции во автомобилската индустрија, се одлучи за инвестирање во образование.

Тие ја започнаа, односно ја проширија својата иницијатива „Future Engineer“ преку која финансираат програми за IT образование во американските средни училишта.

Акцентот ќе биде на повеќе од 100 илјади средношколци со слаба финансиска состојба во 2.000 училишта, додека пак 100 ученици ќе добијат четиригодишни стипендии вредни 10.000 долари.

Amazon ќе ја финансира самата настава, ќе врши дообука на наставниците, а воедно ќе креира и дигитални наставни програми – односно онлајн поддршка во живо за учениците и наставниците. Учениците, исто така ќе имаат право да ги користат AWS Educate услугите, односно ќе добијат пристап до AWS Cloud услугите кои ќе им бидат потребни во наставата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП