29 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCan Casi - Уникатен хотел во Шпанија

Can Casi – Уникатен хотел во Шпанија

Светските патници уживаат во откривањето на нови работи и различни култури…

Изборот на најдоброто место за вашиот следен одмор понекогаш може да биде комплициран, бидејќи на тоа влијаат многу фактори. Ние ве советуваме да ја посетите Шпанија и новиот шармантен „Bed&Breakfast“ кој се наоѓа во местото Регенкос. Во ова место патниците можат да уживаат и креираат нови спомени, кои подоцна со воодушевување ќе ги споделуваат со семејството и пријателите.

„Can Casi“ е уникатен хотел каде сместувањето дише со смирувачки вибрации и прави секој гостин да се чувствува добродојден. Четирите нови апартмани, шармантно наречени „Love“, „Enjoy“, „Smile“ и „Keep Calm“, се она што прво ќе ви го привлече вниманието.

Секој од овие апартмани е фасцинантен на свој начин, има двоен кревет и бања и сите модерни погодности кои ви се потребни. Во срцето на овој пансион проткаени се луксуз и гламур кои нема да ве остават рамнодушни.

jax2

jax3

jax4

jax5

jax6

jax7

jax8

jax9

jax10

jax11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП