23 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНов дабл-дабл на Јокиќ за триумф на Нагетс (видео)

Нов дабл-дабл на Јокиќ за триумф на Нагетс (видео)

Синоќа се одиграа три натпревари во НБА лигата, а во дербито на Западот, кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Клиперс со убедливи 123-96 и ја запишаа четвртата победа во низа.

Тимот од Колорадо од самиот почеток го контролираше натпреварот, а повторно најзаслужен за новиот триумф беше Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со „дабл-дабл“ учинок (22 поени и 16 скока). Поддрша Србинот имаше од Пол Милсап, кој мечот постигна 21 поен, а Џамал Мареј застана на 16 коша. Во поразениот тим се истакна Лу Вилијамс со 24 коша.

Орландо Меџик ја продолжи битката за пласман во плеј-офот, откако на гостински терен славеше значајна победа против Торонто Репторс со 113-98. Никола Вучевиќ мечот го заврши со 23 поени и 12 скока, а најефикасен кај победниците беше Теренс Рос со 28 поени. Кај Репторси Кајл Лаури мечот го заврши со 19 поени.

Во последниот натпревар Њујорк Никс на домашен терен го совлада Сан Антонио Спарс со 130-118.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП