12 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕкстралуксузното одморалиште World Sentosa - во светот на рипките

Екстралуксузното одморалиште World Sentosa – во светот на рипките

ri1

Одморалиштето „World Sentosa“ кое се наоѓа покрај брегот на Сингапур, пред кусо време ги презентираше своите 11 нови апартмани, за љубителите на луксузот и новите несекојдневни искуства.

Инспирирани од природата, новите апартмани им ја нудат можноста на гостите да ја искусат магијата на подводниот свет, додека уживаат во комфорот на нивниот кревет.

Стаклените ѕидови им овозможуваат на гостите да имаат фантастичен поглед во најголемиот аквариум на светот во кој има над 70 видови водни животни. Приближно, во аквариумот има околу 50.000 водни животни.

Двокатните апартмани им овозможуваат на гостите покрај уживањето од стаклениот ѕид, да се релаксираат во погледот од нивните балкони. Таму гостите можат да уживаат во силното сонце, додека лежат во џакузи.

Исто така, хотелот овозможува да најмите и батлер, кој секогаш ќе биде спремен да ве услужи. Ова задоволство чини 1.800 долари за една ноќ.

ri2

ri3

ri4

ri5

ri6

ri7

ri8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП