26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИWalmart ги надмина сите очекувања за профитот и приходите во четвртиот квартал

Walmart ги надмина сите очекувања за профитот и приходите во четвртиот квартал

Најголемиот малопродажен синџир во САД, „Walmart“ ги надмина очекувањата на профитот и приходите, а онлајн продажбата се зголеми во четвртиот квартал од минатата година.

Цената на акциите на компанијата драстично се зголеми на њујоршката берза пред нејзиниот почеток на сесијата.

„Walmart“ е првиот голем трговец на мало, кој објави резултатите за четвртиот квартал и неговото претставување е уште еден доказ дека тој се зголемува и тоа со голема предност пред конкурентите и се натпреварува само со „Amazon“.

Заработката во четвртиот квартал на компанијата изнесуваше 3,69 милијарди долари или 1,27 долари по акција.

Компанијата, која се наоѓа во Бентонвил, Арканзас, има приходи од 138,79 милијарди долари, што исто така ги надминува очекувањата.

Продажбата во продавниците „Walmart“ во САД порасна за 4,2 проценти, повторно над проекциите.

Презентацијата на „Walmart“ е охрабрувачка по мрачните извештаји за продажбата на американските трговци во декември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП