2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција води истрага за поранешниот министер за финасии

Грција води истрага за поранешниот министер за финасии

gr21

Грчкиот парламент одлучи да покрене истрага против поранешниот министер за финасии Јоргос Папаконстaнтинос, поради неговата улога во т.н „Лагардин листа“, список на лица кои се осомничени за затајување данок.

По долгата дебата, пратениците во текот на вчерашната ноќ гласаа за парламентарна истрага, со која ќе се утврди дали Папаконстантинос од таа листа ги избришал имињата на членовите од неговото семејство. Истрагата би можела да заврши со кривично гонење за „фалсификување на документи“ и „злоупотреба на службената должност“.

Парламентот одобри истрагата да се прошири и на наследникот на Папаконстaнтинос, сегашниот претседател на социјалистите Евангелос Венизелос и на двајцата поранешни премиери Јоргос Папандреу и Лукас Пападемос.

Папаконстaнтинос, еден од главните преговарачи со еврозоната и ММФ за првиот пакет за меѓународна финансиска помош за Грција во 2010 година, призна дека тој не постапил најдобро во врска со техничкото чување на листата, која исчезна веднаш по неговото заминување од министерското место за финансии.

Папаконстaнтинос негира било каква лична вмешаност во измамата за која е обвинет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП