20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузна и барокна вила во Поситано (фото)

Луксузна и барокна вила во Поситано (фото)

Луксузната барокна вила се наоѓа во популарниот туристички центар Поситано на брегот Амалфи, Италија…

Вилата е изградена во 1716 година, како соборен храм. Куќата се наоѓа на работ над заливот и нуди прекрасен поглед на морето. Во 1926 година вилата ја купил уметникот Едвардо Гилаузен. Тој потполно ја реновирал вилата, но ги задржал нејзините изворни карактеристики.

По реновирањето, барокната вила ги исполнувала најголемите можни барања во врска со стандардот, уметноста и културата. Внатрешноста содржи ултра модерни карактеристики и обоени плафони, мебел од масивно дрво, древна чипка од рачна изработка и лакирана врата. Вилата поседува многу голема дневна соба, трпезарија, професионално опремена кујна со камин, библиотека и канцеларија. Покрај тоа, вилата има и спа-центар со сауна и турска бања, спа базен и прекрасна фонтана.

Ентериерите во луксузната барокна вила се софистицирани и добро дизајнирани од мешавина на старо и ново. Оригиналните плафони и ѕидните фрески на првиот кат се грижливо сочувани. Катот се состои од кујна, дневна соба со трпезарија и два величенствени апартмани. Кујната е прекрасен спој од најнова технологија и древни камени столбови. Ѕидовите се украсени со многу слики. Вториот кат е опремен со богати орнаменти и олтар. Горниот кат го карактеризираат аголните плафони и антички украси.

Терасата со отворена трпезарија е опремена со стилски мебел и луѓето можат да уживаат во прекрасниот панорамски поглед на морето.

afa10

afa2

afa3

afa4

afa5

afa6

afa7

afa8

afa9

afa11

afa12

afa13

afa14

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП