8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBP: Обновливата енергија ќе има најголем удел во глобалниот микс до 2040-та

BP: Обновливата енергија ќе има најголем удел во глобалниот микс до 2040-та

Обновливите извори на енергија ќе станат најбрзо растечки и најголем сегмент од глобалниот енергетски микс до 2040-та година, влегувајќи во светскиот енергетски систем побрзо од било кој друг извор на енергија во историјата, покажува прогнозата на британската енергетска компанија „BP“, цитирана од „Oilprice“.

Се очекува обновливите извори на енергија (ОИЕ) да сочинуваат една третина од растот на енергетското производство на глобално ниво, а нивниот удел во глобалниот енергетски микс да порасне до приближно 30% до 2040-та година.

Европската унија (ЕУ) ќе продолжи да игра водечка улога меѓу сите региони во однос на влезот на „ОИЕ“ во енергетиката. Уделот на обновлива енергија во енергетскиот пазар на блокот се очекува да порасне за повеќе од 50% до 2040-та година, истакнуваат од „BP“.

Глобалниот удел на јагленот, од друга страна, ќе се намали значително и ќе биде надминат од „ОИЕ“ како основен ресурс во енергетиката до 2040-та година.

Побарувачката за нафта ќе продолжи да се зголемува во првата половина на периодот до 2040-та година, но со многу побавно темпо во споредба со претходно, „пред да ја достигне средината на следната деценија, кога кривата на побарувачката ќе стане рамна“, се наведува во прогнозата.

Се очекува глобалната побарувачка на течни фосилни горива, вклучувајќи и на суровата нафта и кондензати, да порасне за 10 милиони барели на ден до 108 милиони барели на ден малку по 2030-та година, кога растот ќе премине во надолен тренд.

Иако прогнозата дека пикот на побарувачката на нафта ќе настапи по 2030-та година, од „BP“ забележуваат дека кај сите сценарија нафтата ќе игра важна улога во глобалната енергетска мрежа до 2040-та година.

Покрај тоа, „ќе бидат потребни значителни инвестиции за да се направи снабдувањето со нафта да ја задоволи зголемената побарувачка до 2040-та година“, велат од компанијата.

Според нив, секоја можна опција ќе чини илјадници милијарди долари за нафтениот сектор.

Во споредба со минатогодишните изгледи, најголемите ревизии на „ВР“ беа поврзани со „ОИЕ“ и потрошувачката на енергија во Кина.

Компанијата го намали за 7% очекувањето на раст кај енергетската потрошувачка на најголемата азиска економија“, отсликувајќи го темпото со кое Кина се приспособува кон еден поодржлив модел на економски раст“.

„Во нашето сценарио за просперитетна енергетска транзиција 85% од новата енергија ќе биде со помала содржина на јаглерод диоксид“, вели Спенсер Дејл, главен економист на „BP Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП