2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСистемот на Форд за избегнување незгоди

Системот на Форд за избегнување незгоди

fordsistem

Форд го претстави својот нов безбедосен систем „Electronic Brake Light“. Системот е проектиран така да ги предупредува возачите за можен судир доколку дојде до ненадејно сопирање на возилата кои се напред, а не се во возачкиот видеокруг.

Како слични технологии кои ги развиваат другите производители и овој систем се темели на „комуницирање“ меѓу возилата.

Системот е во состојба со помош на „GPS“ да ја следи позицијата, насоката и брзината на движење на автомобилите кои се движат напред, а се сокриени од кривина или друго возило. Тие може да детектираат ако дојде до ненадејно сопирање или застанување кое може да предизвика незгода. Тогаш на централно поставениот екран се активира аларм кој го предупредува возачот дека доколку не сопре ќе се удри во возилото пред него.

Тестовите покажа дека навременото предупредување на возачот за потенцијален судар е доволно автомобилот безбедно да запре или избегне несреќа или последица од незгода која доколку неможе да се избегне, барем да се ублажи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП