29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПотврдено: Првиот Galaxy на преклоп пристигнува на 20-ти февруари

Потврдено: Првиот Galaxy на преклоп пристигнува на 20-ти февруари

„Samsung“ потврди дека на 20-ти овој месец покрај новите модели од линијата „Galaxy S“ ќе го претстави и својот прв смартфон со флексибилен екран – „Galaxy Fold“.

За мобилниот на „Samsung“ со флексибилен екран се зборуваше многу пати. Од првите гласини како „Samsung“ воопшто работи на еден таков уред до конкрентите информации кога минатата година уредот беше во живо прикажан на конференцијата на програмери и неодамна појавеното видео во кое за миг се гледа телефонот со флексибилен екран.

Веќе еден месец се знае и официјалниот датум кога „Samsung“ ќе ги претстави новите смартфони од линијата „Galaxy S“ – 20-ти февруари 2019-та гдина. Но, сега е потврдено дека на тој датум „Samsung“ ќе го претстави и својот прв телефон со флексибилен екран – „Galaxy Fold“.

Потврдата пристигнува од самиот „Samsung“ кој преку официјалниот „Twitter“ профил го објави твитот „The future of mobile will unfold on February 20, 2019“, заедно со хаштагот #SamsungEvent.

Досега имавме можност да дознаеме дека „Galaxy Fold“ ќе има два екрани – еден помал со дијагонала од 4,58 инчи (1.960 x 480 точки) како и поголем од 7,3 инчи (2.152 x 1.536 точки). Поголемиот од оштетувања ќе се штити така што ќе се преклопува кон навнатре.

За останатите спецификации ќе мораме да почекаме до датумот кога „Samsung“ и официјално ќе го претстави смартфонот „Galaxy Fold“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП