Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone
Патниците можат да ги искористат ексклузивните попусти при резервации на билети за двајца или повеќе патници кои патуваат заедно во бизнис класа, како и да заработат двојно повеќе „Q-милји“ и „Q-поени“
Понудата важи за резервации направени од 11-18 февруари 2019 година, за патувања до 11 декември 2019 година
ДОХА, Катар – „Катар ервејс“ со задоволство ја претставува својата најнова Премиум понуда за придружници, наменета да им овозможи на патниците да се уверат колку може патувањата да бидат попријатни кога сте со семејството и пријателите. Корисниците на услугите на „Катар ервејс“ можат да ги искористат ексклузивните попусти за време на оваа специјална промоција при резервација на билети за двајца или повеќе патници кои патуваат заедно.
Промоцијата важи за летовите на „Катар ервејс“ во бизнис класа, резервирани од 11-18 февруари 2019 година и важат за патување од 1 март до 11 декември 2019 година. Патниците кои ќе резервираат за време на промотивниот период може да искористат 10% попуст на цените на билетите и исто така ќе добијат двојно повеќе „Q-милји“ и „Q-поени“ за резервации направени во бизнис класата.
Главниот комерцијален директор на „Катар ервејс“, г. Ехаб Амин, рече: „Патувањето е уште попосебно кога патувате во друштво на семејството и пријателите, и нема подобар начин да го искусите тоа, отколку да ја искористите понудата за придружници на „Катар ервејс“. Со оваа уникатна промоција, сакаме да ги поттикнеме нашите патници да доживеат бројни посебни мигови што ги нудат заедничките патувања.
„Сигурни сме дека патниците ќе откријат многу нови и инспиративни места заедно со семејството и пријателите во нашата глобална мрежа од повеќе од 160 дестинации, што постојано се шири. „Катар ервејс“ со задоволство ги повикува сите патници да ја искористат оваа специјална понуда за придружници и да појдат на патување со нас.
За да ги искористат предностите на понудата за придружници, патниците можат да ја посетат страницата Qatarairways.com или која било продажна канцеларија на „Катар ервејс“, или да се јават кај најблискиот туристички агент.
Како една од најбрзо растечките авиокомпании во светот, „Катар ервејс“ има модерна флота од повеќе од 230 авиони кои летаат на дестинации за бизнис и одмор, ширум шест континенти.
„Катар ервејс„ беа прогласени за „Најдобра бизнис класа во светот“, „Најдобри седишта во бизнис класа“, „Најдобра авио-компанија на Средниот Исток“ и „Најдобар авио-компаниски салон за прва класа во светот“ според Наградите за најдобри светски авиопревозници за 2018 година, под водство на меѓународната организација за воздушен транспорт, „Скајтрекс“ (Skytrax) .
Авиокомпанијата неодамна започна со директни услуги за Гетеборг, Шведска; Момбаса, Кенија; и Да Нанг, Виетнам. Планирани се и бројни возбудливи нови дестинации за оваа година, вклучувајќи ја и Малта, како и многу други.
Пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет и IPTV услугите Нето добивката бележи раст од 2,5 отсто Македонски Телеком бележи позитивни трендови во работењето…
Една од најголемите компании во светот за ископ на јаглен, „Glencore Plc“ одлучи да го ограничи производството на цврсти фосилни горива, со што цели да…
Парискиот суд во средата го казни швајцарскиот банкарски гигант УБС со 3,7 милијарди евра за даночна измама, што е рекорд за Франција, пренесува „Локал“. Банката беше осудена за нелегално помагање на…
Кинескиот гигант „Tencent Holdings“ нема да намали инвестициите во оваа година, откако инвестираше во „ИПО“-то на 16 компании во 2018-та година. Ова го откри претседателот…
Најголемиот малопродажен синџир во САД, „Walmart“ ги надмина очекувањата на профитот и приходите, а онлајн продажбата се зголеми во четвртиот квартал од минатата година. Цената…
Кинескиот гигант во електронската трговија „Alibaba Group Holding“ го зголеми својот удел во најголемата локална инвестициска банка – „China International Capital“. „Alibaba“ купи акции кои…
Американскиот производител на чипови „Qualcomm“ ги повикува американските трговски регулатори да се откажат од одлуката на судот од пониска инстанца и да го забранат увозот…
Авиокомпанијата „Air France-KLM“ има намера да ја зајакне ефикасноста за да ги компензира повисоките трошоци за гориво во оваа година, додека француско-холандската авиокомпанија ја продлабочува…
Модниот гигант од Хамбург, „Tom Tailor“ ќе добие кинески сопственик. Големиот кинески акционер „Fosun“ има намера да ја купи целата компанија за околу 96 милиони…
Производителот на храна „Danone“ вети дека ќе го забрза растот на продажбата и профитот во оваа година благодарение на штедењето и наметнувањето на трендови за…