Нема тајни во „IT“ светот! Мистериозната компанијата која имаше во план за 700 милиони долари да изгради информатички центар во Де Моин во Ајова е Микрософт.
„Проект Планина“ (Project Mountain) е дел од проширувањето на постоечкиот центар кој го имаат во западниот дел на овој град, па така инвестицијата на информатичкиот гигант во овој регион ќе порасне на една милијарда.
Микрософт веќе има вработено 50 луѓе во Ајова, а имаат намера да вработат барем уште 24 во новите простории.
Целиот регион околу Де Моин веќе со години е финансиски и центар на осигурителните компании, а сега стана и „IT“ центар. „Facebook“ има во план својот центар вреден 1.5 милијарди долари да го изгради во Алтуна, исто така во Ајова. А „Google“ веќе има свој објект во Кансил Блафс.
Ајова на „IT“ компаниите и на сите останати им нуди даночни олеснувања, евтино земјиште и енергија. Еден од клучните проекти на „IT“ гигантите кога ги градат своите центри е потрошувачката и цената на електричната енергија. Ајова има свои природни ресурси и ненаплатува данок за електрична енергија. 20 проценти од електричната енергија во државата се генерира со помош на употребата на ветерот.