29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon плати 1,65 милијарди долари за купувањa во 2018-та

Amazon плати 1,65 милијарди долари за купувањa во 2018-та

Годишните документи кои „Amazon“ ги поднесува до Комисијата за хартии од вредност и берзите во САД, потврдија високите износи кои гигантот во електронската трговија ги платил за двете најголеми спојувања и превземања во минатата година.

Според податоците компанијата платила околу 839 милиони долари во кеш за „Ring“ и 753 милиони долари за „PillPack“, а сите нејзини преостанати превземања биле во вкупна вредност од 57 милиони долари, пишува „TechCrunch“.

„Amazon“ го купи „Ring“ во почетокот на годината, за да го зајакне својот бизнис со уреди за паметни домови, набрзо откако во 2017-та година го купи „Blink“. Договорот тогаш беше опишан како за милијарди долари.

Оној со „PillPack“ пак се случи во текот на летото и беше означен како „под милијарда“.

„Amazon“ не открива детали за сумите, ниту за имињата на компаниите кои исто ги купи во 2018-та година, но вели дека нејзиниот фокус бил на компании за технологија и „know-how“, кои ќе и дозволат на „Amazon“ да им служи поефикасно на своите клиенти.

Ова е втора поважна година за аквизициите на „Amazon“, по 2017-та година, кога компанијата потроши 13 милијарди долари за да ја купи „Whole Foods“. За 2018-та година, износот што го потрошил на други компании достигна вкупно 1,65 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП