26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВаран кажа „да“ на Јунајтед

Варан кажа „да“ на Јунајтед

Централниот дефанзивец на Реал Мадрид, Рафаел Варан ги договорил своите лични услови со Манчестер Јунајтед, каде што сака да премине во текот на летото, објавија шпанските изданија.

Веќе извесно време има шпекулации за иднината на 25-годишниот француски репрезентативец. Причината за ова е фактот дека Варан веќе не се чуствувал удобно во „белиот балет“.

Во Шпанија предвидуваат дека Јунајтед ќе даде 86 милиони фунти за финализирање на договорот. Ако Реал прифати таква понуда – што е малку веројатно – ќе го претвори Варан во втор најскап играч во историјата на „црвените ѓаволи“. Рекордот го држи неговиот сонародник Пол Погба, кој во летото 2016 година го купи Јуве за 89 милиони фунти. Сепак, сигурно, Варан ќе стане најскап дефанзивец на планетата, подобрувајќи го рекордот на Вирџил ван Дајк (75 милиони фунти).

Сигурно, Јунајтед има потреба од засилување во оваа област, со оглед на разочарувачките перформанси на Крис Смилинг, Ерик Баји и Фил Џонс. Маркос Рохо најверојатно ќе го напушти „Олд Трафорд“ на крајот од сезоната. Во моментов, најдобриот централен дефанзивец на Јунајтед е Швеѓанецот Виктор Линделоф, кој не покажуваше толку импресивни игри, додека Жозе Мурињо беше на чело на тимот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП