18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPfizer ги намали прогнозите за профит и приходи во 2019-та година

Pfizer ги намали прогнозите за профит и приходи во 2019-та година

Американската фармацевтска компанија „Pfizer“ предвидува помал профит и приходи во 2019-та година, отколку што предвидува „Wall Street“ поради можен удар од губењето на патентот за најпродаваниот лек „Lyrica“ во оваа година, објави „Ројтерс“.

За да се спречи заканата од генеричка конкуренција на „Lyrica“, „Pfizer“ инвестира напорно во своето портфолио на лекови за онколошки заболувања и очекува да добие одобрување на нов лек за кардиоваскуларни проблеми подоцна во оваа година.

Компанијата соопшти дека очекува приходите да достигнат помеѓу 52 милијарди долари и 54 милијарди долари во 2019-та година, во споредба со просечно очекуваните 54,25 милијарди долари, според податоците на „Refinitiv IBES“.

Благодарение на „Lyrica“, продажбата за последниот квартал изнесува 1,32 милијарди долари од очекуваните 1,21 милијарди долари, според „Credit Suisse“.

„Pfizer“ очекува добивка за 2019-та година од 2,82 до 2,92 долари за акција, што е под предвидените 3,04 долари за акција.

Во четвртиот квартал компанијата забележа профит од 64 центи по акција, што е над просекот од очекувања на аналитичарите од 63 центи по акција.

Приходите на „Pfizer“ се зголемиле за околу 2 отсто на 13,98 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП