26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЦената на овој имот е намалена за 100 милиони долари

Цената на овој имот е намалена за 100 милиони долари

Имотот, кој во 2017-та беше најскапиот на пазарот за недвижнини во САД, сè уште се продава денес, но неговата цена е пониска за 100 милиони долари.

Имотот, кој се наоѓа во „Bel Air“, Лос Анџелес, и со прекар „Милијардер“, беше понуден на пазарот во јануари 2017-та година, по цена од 250 милиони долари.

15 месеци подоцна цената беше намалена за 62 милиони долари, но тоа не помогна да се најде купувач.

Денес, овој имот е достапен за 150 милиони долари, а инвеститорот Брус Маковски вели дека падот е одраз на пазарните услови во моментов.

Имотот со површина од 3.530 м2 доаѓа со луксузни мебел, направен по нарачка, 2 главни спални и други 10 „ВИП“ спални, 21 бања, три кујни, сала за куглање, масажа и спа центар, кино, базен со сопствен бар и друго.

Куќата има и гаража за 12 луксузни автомобили.

Во моментов, најскапиот имот продаден во САД е „Chartwell Estate“. Тој исто така е лоциран во Лос Анџелес и неговата цена е 245 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП