25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNvidia ја намалува прогнозата за приходи поради економскиот застој

Nvidia ја намалува прогнозата за приходи поради економскиот застој

Американска технолошка компанија „Nvidia Inc.“ ја намали прогнозата за приходите од четвртиот квартал, истакнувајќи ја слабата продажба како главна причина за забавување на глобалниот економски раст и особено економските трендови во Кина, објави „Bloomberg“.

Најголемиот производител на микропроцесори за компјутерски графички картички во светот, изјави дека приходите во четвртиот квартал изнесуваат приближно 2,2 милијарди долари, што е помалку во споредба со прогнозираните 2,7 милијарди долари.

По објавувањето на оваа информација, акциите на компанијата паднаа за 18 отсто на 131,01 американски долари по акција во првите минути од њујоршката берза.

„Влошените макроекономски услови, особено оние во Кина, влијаеше негативно на побарувачката на нашите видео картици“, изјавија од компанијата.

Продажбата на некои производи кои користат делови на „Nvidia“, исто така се покажа послаба од очекуваното.

Од „Nvidia“ велат дека приходите од нивните центри за податоци, исто така, не ги покриваат предвидувањата.

Компанијата, чија фискална година завршува на 27-ми јануари ќе ги објави своите квартални резултати на 14-ти февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП