„Moet & Chandon“ се долгогодишни врвни производители на шампањ во светот, со репутација која одговара на нивната стручност…
Тие неодамна го претставија „Moet & Chandon Ice Imperial“, ексклузивен вид на шампањ кој се карактеризира со својата освежувачка и студена содржина. Многумина познавачи го опишуваат како првиот шампањ во светот креиран да се сервира со лед.
Последното издание од овој бренд е „Summer Escape Trunk“, многу интересно и луксузно откритие.„Summer Escape Trunk“ е ексклузивен мобилен бар, во ограничено издание со висококвалитетен дизајн.
Има две полици за чаши кои можат да се отстранат, во него можат да се сместат 20 шишиња од ексклузивниот „Moet&Chandon Ice Imperial“, две кофи со мраз, место за додатоци, како и 24 големи чаши.
Овој мобилен бар е дизaјниран со цел да биде употребуван на ексклузивните забави, на кои владее луксузот и гламурот.