4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWhatsApp стигна до бројката од 250 милиони корисници

WhatsApp стигна до бројката од 250 милиони корисници

whatsappscreen

Корисничката база на „WhatsApp“ со сигурност е нешто што може да ги загрижи „IT“ компаниите и провајдерите на услуги во мобилната мрежа. Овој сервис за пораки објави дека ја достигнале бројката од 250 милиони активни корисници со што се најде во групата со сервисите „Skype“, „Facebook Messenger“ и „Twitter“.

Последните податоци покажаа дека „Twitter“ има преку 200 милиони активни корисници, додека „Skype“ има 280 милиони. „WhatsApp“ е рангиран на првото место меѓу апликациите кои се наплатуваат во интернет продавницата „App Store“, односно на 31-то место на листата на бесплатни апликации во „Google Play“ („WhatsApp“ за „Android“ е бесплатен во првата година, а потоа се наплатува 99 центи годишно).

Покрај милионскиот број на корисници „WhatsApp“ бележи импресивни бројки кога станува збор за пренесените пораки. Овој сервис минатата недела објави дека постигнале 24 часовен рекорд со 27 милијарди пренесени пораки. Само за споредба во декември тие објавија дека пренеле 18 милијарди пораки во текот на еден ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП