5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Рено“ доби нов претседател и извршен директор

„Рено“ доби нов претседател и извршен директор

Француската автомобилска компанија „Рено“ го назначи Жан-Доминик Сенар, претседател на групацијата „Мишелин“ во заминување, за нов претседател на „Рено“, а Тјери Болор за нов извршен директор на компанијата.

„Покрај тоа, одборот на директори на ‘Рено’ сака активно да го надгледува функционирањето на алијансата ‘Рено-Нисан’, поради што донесе одлука на својот претседател да му ја пренесе целосната одговорност за управување со алијансата во име на ‘Рено’“, соопштија од компанијата во однос на партнерството со „Нисан“, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Новите челници ќе го заменат досегашниот претседател и извршен директор Карлос Госн, кој се соочува со обвинувања за злоупотреба на функцијата и затајување данок во Јапонија.

По апсењето на Госн на 19 ноември, „Рено“ застана зад него, назначувајќи привремено раководство, но француската влада, клучниот акционер во „Рено“, брзо изврши притисок врз управниот одбор на компанијата, барајќи оставка од Госн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП