25 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕНајскапиот дом во Америка купен за 238 милиони долари

Најскапиот дом во Америка купен за 238 милиони долари

Основачот на фондот Citadel, милијардерот Кен Грифин, купил пентхаус на Менхетен за околу 238 милиони долари, што е нова рекордна цена на ваков вид недвижен имот на њујоршкиот пазар, пишува „Волстрит џурнал“ (WSJ).

Грифин купил пентхаус во облакодер кој е во изградба, на адреса Central Park South 220, пишува весникот, додавајќи дека станува збор за рекорден купопродажен договор, односно најскапиот недвижен имот во историјата на САД.

Грифин не е нов во купувањето домови со мултимилионска вредност, се забележува во текстот, во кој се наведува дека годинава тој купил неколку катови во станбен комплекс во Чикаго за 58,75 милиони долари, што е исто така рекорден износ меѓу најскапите недвижнини некогаш купени во Чикаго.

Исто така, во 2015 година во Мајами купил пентхаус во вредност од 60 милиони долари, што е највисока цена платена за апартман во овој град во американската сојузна држава Флорида, а на почетокот од месецов и во Лондон си купил дом за 122 милиони долари, пишува WSJ.

Грифин почнал да се занимава со инвестиции на 19-годишна возраст, додека живеел во студентски дом на Универзитетот Харвард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП