2 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕксклузивна Hennessy колекција

Ексклузивна Hennessy колекција

he3

Кога и да се зборува за скапоцени и ексклузивни пијалоци, познавачите на коњакот наведуваат само еден бренд – „Hennessy“…

Нивните неверојатни достигнувања не воодушевиле во многу прилики, а сеуште не дале се од себе. Во блиска соработка со Лејн Крафорд, презентер и продавач на прекрасни предмети од интернационални реномирани брендови, „Hennessy“ го креираше и ќе го пушти во продажба на 15 јули ексклузивниот пијалок во ограничено издание.

he1

Ексклузивната колекција „Hennessy X.O.“ е супериорен подсетник на процесот низ кој мора да помине овој пијалок за да биде совршен. Со својот неверојатен карактер и единствената елеганција, „Hennessy X.O.“се отвора длабоко, со интензивна арома, прекрасна боја и смела природа. Деликатно зачинет и вкусен, брзо ги гаси срамежливите ноти на овошни ароми.

he2

Благодарение на долгиот процес на стареење на нивниот коњак, пијалокот е екстремно тежок за дешифрирање дури и од страна на најдобрите познавачи. „Hennessy“ е инспириран од посебната нарачка на руската владетелка Марија Феодоровна во 1818 година за роденденот на нејзиниот син, Царот Александар први, на Бадник. Уникатниот бокал е креиран од страна на признатата дизајнерка Стефани Балини. Новото шише е украсено со 18-каратна златна етикета.

he4

Фантастичната колекција на „Hennessy X.O.“ ќе биде достапна во шишиња од 70 цл по цена од 2.350 долари и во шишиња од 150цл по цена од 5.500 долари. Прекрасниот „Hennessy Paradis Imperial“ чини доста повеќе, неверојатни 19.800 долари.

he5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП