30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLOT бара помош од полската влада

LOT бара помош од полската влада

avi1

Полскиот авиопревозник „LOT“, кој е во мнозинска државна сопственост, побара нова финансиска помош во висина од 88,3 милиони евра за новиот план за реорганизација.

Министерството за финансии кое ги контролира повеќето државни фирми и нивната приватизација, сака да го поддржи најновиот план за реструктуирање на авиокомпанијата под исти услови, но сеуште не ја одобрило државната финансиска помош.

Програмата за реструктуирање е основен услов за Варшава да добие согласност за државна помош од Европската комисија. „LOT“ во декември минатата година веќе доби финансиска инекција од државата од 400 милиони злоти, кои исто така ги одобри ЕУ.

Полската влада не е многу расположена да направи нешто повеќе за задолжената авиокомпанија, бидејќи има сопствени проблеми со буџетот и ја ограничуваат правилата на ЕУ за државната помош.

„Ова е последен обид на министерството за финансии за спас на компанијата „LOT“. Според прописите на ЕУ, компанијата во наредните 10 години нема да може да добива средства од државните фондови“, рече полскиот министер за финансии Влоџимејж Карпински.

„LOT“ веќе потроши поголема количина на државни пари при многуте обиди за опстанок во конкуренција на поголемите компании и нискотарифните авиопревозници.

Во 2012 година компанијата, поради отпишувањето на помалите авиони „embraer“, кои ги користеше за европски летови, забележила загуба од 400 милиони злоти.

Таа година компанијата отпушти 360 работници, а се очекува дека и од сегашните 1.700 вработени, дел ќе мораат да ја напуштат компанијата.

Варшава се надева дека една од најстарите авиокомпании на светот, основана пред 84 години, ќе успее да се спаси од судбината на унгарската авиокомпанија „Malev“.

„Malev“ минатата година банкротираше, бидејќи Европската комисија нареди да ја врати нелегално добиената помош од државата од приближно 130 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП