27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици...

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари

Во врска со континуирано зголемените концентрации на загадувачки честички во воздухот во повеќе градови во Република Македонија, како и метеоролошките прогнози за следните денови, Владата на Република Македонија донесе итна мерка за продолжување на траењето на зимскиот распуст.

Одлуката се однесува на сите ученици од сите јавни и приватни основни и средни училишта во Република Македонија, а истата е донесена  преку итна координација на Министерството за образование и наука, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство.

Продолжување на траењето на зимскиот распуст за сите ученици ќе  биде во времетраење од два дена, заклучно со вторник, 22 јануари 2019 година.

Училиштата ќе бидат во функција, но учениците нема да посетуваат настава во наведениот период.

Во овој период Владата, пред се Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство ќе ја следат состојбата врз основа на која, а во координација со Министерството за образование и наука ќе одлучат околу  евентуално продолжување на зимскиот распуст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП