Неколку дена откако собранието го усвои вториот Предлог ребаланс на буџетот, денеска веќе на дневен ред е Предлог буџетот за 2027 година. Почетната станица е Комисијата за финансирање и буџет каде ќе биде претставена рамката по која треба да се одвива цела година кога станува збор финансиите на државата. Денар дојде до дел од податоците кои стојат во еден од најважните документи на една земја, а тоа е буџетот на државата.
Секако, и за овој буџет власта е на став дека ќе биде развоен и во корист на граѓаните, и дека парите од државната каса ќе се трошат за продуктивни цели, односно за проекти кои треба да го подобрат квалитетот на населението. Пораката на властите за овој Предлог буџет е „повеќе за граѓаните – повеќе за развој“.
Според податоците кои ги добивме за до година се предвидува за плати во јавниот сектор да бидат иплатени 57,2 милијарди денари, а тоа е за 3,4 милијарди повеќе од годинава. За исплата на пензии 123,8 милијарди денари односно 5,6 милијарди повече од 2026 година. Капиталните инвестиции, или градење на патишта, училишта, болници, градинки сума од 40,8 милијарди денари. Во Предлог буџетот стои и дека за активни мерки или за нови вработувања владата предлага 2,9 милијарди денари или раст од 20,8 проценти повеќе од годинава. За здравството се предвидени средства во висина од 58,7 милијарди денари или 2,8 милијарди повече за 2027 година во однос на парите кои во овој сектор се на располагање годинава.
„Буџетот за 2027 година е насочен кон повисок животен стандард, нови проекти и посилна економија! Повеќе инвестиции. Повеќе можности. Подобар живот за граѓаните .“ велат од ВМРО ДПМНЕ.
Предлог-буџетот сега останува на разгледување пред пратениците, кои во наредниот период ќе треба да се произнесат за предложените финансиски рамки и приоритети. Од нивната одлука ќе зависи како ќе се распределуваат јавните средства и кои проекти и политики ќе добијат приоритет во претстојната година
И.П